Почитувани,

Македонската карате репрезентација на СШ во Каиро, Египет постигна врвни историски резултати за Македонското карате.
Освоени се вкупно 9 медали од кои: 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали и тоа:

Во сениорска конкуренција:
•    1 место златен медал во кого-кумите Јадранка Недева Јарчевска
•    1 место златен медал во кого-кумите Аљоша Недев
•    1 место златен медал во енбу м/м А. Недев и Матеј Ангеловски
•    2 место во кого-кумите Дејан Недев
•    2 место кати поединечно Дејан Недев
•    2 место кати екипно Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски
•    2 место во фукуго Ј. Недева-Јарчевска
•    3 место во кумите тим Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски

Во кадетска конкуренција:
•    3 место бронзен медал во фукуго за Огнен Тасевски.

На СШ учество земаа 48 земји од целиот свет со на 560 напреварувачи.


Со Почит
МТКФ Канцеларија