Преку вековите Будото се стремело да развие системи на борбени вештини кои што не зависат од физичката сила, туку од психичката техника која што ја максимизира енергијата и силата. Изучувањето на Будо техниката ја подобрува менталната сила, ниво и однесување на еден човек така што му овозмозува да го контролира противникот без употреба на физичка сила. Будо техниката е основата на физички дисциплини кои што придонесуваат да се постигне победа без употреба на сила.
Во Јапонија избувнувањето на цивилни војни беше честа појава по Тенгјо Револтот во 940та н.е. За време на овој период на внатрешни конфликти беа развиени повеќе борбени вештини вклучуваји и јавање на обратна страна, стрелаштво, нагината, мечхување и борба на борбено поле.

На почетокот на 17 век, Левасу Токуња формираше обединета влада во Јапонија со што се избегнаа крвави војни во наредните 250 години. Додека Јапонските борбени вештини на почетокот беа креирани за групна борба, во времето на Токуња шогунатите, тие беа изучувани за лични борбени способности. Познати експерти за различни боречки вештини формираа високо развиени системи и техники кои што не само што ја вклучуваа мускулната сила туку и менталната и физичка сила преку систематски организирани тренинг режими. Како резултат на ова, овие различнни техники еволуираа во различни школи за борбени вештини.
Овие борбени вештини подоцна беа изучувани од страна на самурајски фамилии додека бенефициите на борбените вештини беа изучувани во разни академски полиња. За време на Канвеи периодот (1624-1643), религиозните училишта се фокусираа на духовните вредности на борбените вештини кои што ги гледаа како вид на филозофија. Конфучиерите ги сметаа борбените вештини како начин да ги припремат луѓето во изградба на силна нација. Медицинските истражувања ги прифатија борбените вештини како начин за физичко образование. Академски пристапи навлегоа како медот во изучување на борбените вештини. Преку овој процес, борбените вештини станаа повеќе од само збир на технки. Тие беа дефинирани како начин (ДО) да се комплетира човечкиот карактер преку изучување на боречки вештини (БУ). Од тука боречките вештини почнаа да се развиваат како културен феномен.

Будо уметност


Техниките на Будо се постигнуваат кога “кјо”- менталната и физичка енергија- се постигнува против противникот помеѓу движењата. Ова отвара можност за пресрет на противникот, а да се предвидат следните движења на противникот може да се постигне само со тренинг. За да може да се постигне таква техника, еден мора да ги елиминира сите непотребни движења. Сила потребна за ефективна техника се постигнува со што помали движења. Совршени и софистицирани движења што ги исполнуваат спомнатите услови се продукт на ефективни апликации постигнати со употреба на техники која од страна на публиката може да се препознае како уметност.
• Аристотел (348-322 п.н.е.), филозоф и биолог кој што ја формирал кинесологијата, рекол дека концептот на постигнување на огромна сила со употреба на кратки движења е вистинска убавина во концепт и форма.

Будо и натпреварувања


Додека неколку Будо училишта не вклучуваат натпревар, џудото, кендото и каратето воспоставуваат национални и интернационални натпреварувања. Помеѓу Будо системите, џудото е олимписки спорт уште од 1964 кога олимписките игри се одржаа во Токио, Јапонија. Поради ова џудо натпреварите вклучувајќи ги и тие на олимписките игри привлекуваат голем број на публика. Но од друга страна многу луѓе веруваат дека џудото ги изгуби неговите основи кои се темелат на Будото.
На самиот почеток џудото го привлече вниманието на светската публика со неговите енигматски Будо карактеристики како што на пример мал човек да може да совлада многу поголем противник од него. Но, кога џудото реши да се адаптира на спортските предуслови и услови, таквите мистериозни елементи кој што ги содржеше џудото исчезнаа. Константното намалување на оние кои што тренираат џудо може да се атрибуира на овие промени на џудото

Постојат многу разлики помеѓу Будото и спортските натпревари како на пример:

  1. Натпреварувачките спортови најчесто се разбираат како начин да се испушти физичка енергија преку вежби кои што се препишани од спортот. За разлика од тоа, Будо натправарувањето потекнува од “шиаи”, што претставува тренинг метод уште од почетокот на развитокот на Будото, и кој што не вклучува “игра” како другите спортови. Во борба, изведувачите се борат врз база на стрикни правила (понекогаш дури и во борба до смрт.) Клучната идеја е да се тестираат вештините а во исто време да се научат менталните и физички техники на противникот. Шиаито ги позиционира учесничите во екстремна ситуација во која што им се нуди виртуелно два избора: да се преживее или умре. Вакви услови придонесуваат за значајно поефиктивно искуство. Преку спортки натпревари, спортистите развиваат позитивни ментални ефекти како на пример чуството на постигнување, пријателство итн., додека пак Будо изведувачите се придобиваат со чуство на задоволство во шиаи кое што им овозмозува драгоцена можност за изучување.
  2. Голем број од натпреварувачките спортови имаат различни категории како на пример категории по тежина. Најчесто победникот е прогласен врз основа на постигнати поени. Овие услови се разбирливи за учесниците да можат да ја уживаат “игра” компонентата кој што е и основата на спортот. Од друга страна пак во Будо мечовите секој непотребен услов или техника треба да се елиминира затоа што Будо системот најпрвин е создаден за да се победи противникот најбрзо што се може така што воинот ќе може да одговори на што повеќе напади на борбеното поле. Крајната цел е да се совлада противникот со само еден единствен удар. Овој Будо принцип значајно се разликува од спортските натпревари кои што вклучуваат различни варијации за да може натпреварот да биде попривлечен за публиката.
  3. Натпреварувачките спортови му помагаат на спортистот да испушти скриена енергија. Овој бенефицирачки аспект помага при контрола на стрес и е многу почитуван. Од друга страна пак, во Будо изведување, енергијата која што е складирана во човечкото тело се испушта целосно во една секунда, а веднаш потоа телото се регенерира веднаш за да може да се пречека наредниот противник или да се биде спремен на ненадеен напад во било кој момент во денот. (Периодот на регенерирање на телото се нарекува “заншин” и се смета за многу важен елемент во Будото.)
  4. Како што веќе рековме, во шиаи противникот не е непријател туку служи како учител кој што претставува можност да се тестираат можностите и вештините. Поради оваа причина прецизно дефинирање на противникот е важен предуслов кој што не може да биде ескивиран во шиаито. За разлика пак, добри манири на однесување во спортските натпревари покажуваат респект и пријателство кон натпреварувачите кој што учествуваат во играта. Такви манири пак не се препишани како елемент во изучување на Будото затоа што тоа го знае секој кој што го изучува.
  5. Во натпреварувачките спортови правилата го дефинираат самиот спорт. Во Будото пак во правилата мораат да бидат вградени духовната компонента и софистицирање на техниките. Употреба на правилата и регулации во Будото е оставено на изведувачите кои што не само што ги разбираат туку ги имаат усовршено како дух на техниката во тој систем.


Др. Џигоро Кано кој што е основач на модерното џудо и прв јапонски член на Интернационалниот Олимписки Комитет е првиот кој што ја забележа опасноста од моделирање на џудото во спортски дух. По неговото враќање од Стокхолм во 1912 каде што служесе како директор на првиот јапонски тим во Џудо забележа дека, “Џудото ќе биде уништено ако стане Олимписки Спорт.” Со ова признавање, Др. Кано ги откри неговите препознавања помеѓу разликите на спортски натпревар и шиаи во Будо системот.

Светскиот Интерес за Будо После Втората Светска Војна


По Втората Светска Војна, Будото многу брзо создаде интерес на меѓунароно ниво, најпрвин заради неговите вредности кои што не се присутни во другите спортови, а второ затоа што ги мотивираше луѓето кои што живеат во пост-воени услови. Вредностите на Будо-то во тоа време беа разбирани според следново:

  1. Воодушевувањето дека Будо-то снабдува со мистериозни сили кој што им овозмозуваат на поситни личности да совладаат покрупни противници.
  2. Будото беше прифатено како тренинг кој придонесува за смирување на душевната сила и овозможува начини како да се контролира противникот без употреба на физичка сила.
  3. Додека спортистите на другите општествени спортови изучуваат да го победат противникот, целта на Будо-то е човекот да се развие самиот себеси без разлика на физичката сила, години или пол.

Иако некои Будо спортови организираат натпреварувања, статистиките показуваат дека помалку од 5% на Будо изведувачите се интересираат да учествуваат на натпревари. Спред ова може да се заклучи дека овие изведувачи се интересираат да го тренираат Будо-то не за да бидат победници туку да се стремат да ја искусат душевната енергија на Будо-то. Овие изведувачи не би биле заинтересирани да тренираат Будо доколку Будото би ги следело правилата на спортот на сметка да ги изгуби своите суштински квалитети.

Бушидо и Будо

Буши (самурајската традиција) се состои од концептот на наследен војник од Јапнско феудално општество. Во време на мир, буши служел или како офичер или во шогунатот или за локалната влада. Истовремено, будото били изучувано не само од буши-те туку и нормални граѓаните, кои што многу пати постигнувале високо ниво на Будо техника. Бидејќи Будото е физичка уметност, која што може да ја вежба секој кој што бара духовна и физичка перфектност, не е дирекно поврзана со Бушидото.