Историја и дефиниција

И покрај тоа што денес постојат повеќе видови на Карате, на почетокот имаше само едно. Првото или Традиционалното Карате (Карате-До) беше првата верзија на Карате спортот од кое што се развија нови боречки спортови кои што го позајмија името карате и до ден денес го употребуваат нашироко.

Каратето ги носи своите корени од Тоде- одбранбен механизам без употреба на оружје развиен во Окинава, а воедно потикнат од кинески борбени вештини постари од две илјади години. Во Јапонија, беше почнат како дел од Будо (Јапонска борбена вестина). Поради овие причини Традиционалното карате е општ назив за Карате кое што ги следи Будо принципите.

По Втората Светска Војна, Карате принципите за самоодбрана, физичка подготвеност, натпреварувачки дух, и воедно ментален и физички развој почнаа се повеќе да се препознаваат и признаваат. Како и да е, Каратето како посебна боречка вештина, бараше за потребно долго и макотрпно изучување. Бидејќи изучувањето на карате вештината набрзо стана многу популарна, долгото и макотрпно изучување беше заменето со побарувачката во светот за брзи резултати и побрз развој. Резултат на тоа беше појавата на многу нови спортови кој што го употрбуваат името карате. За да се избегне конфузијта со овие нови карате спортови, пошироката јавност почна да го разликува вистинското карате нарекувајки го “Традиционално Карате.”

Меѓународното Владејачко тело на Традиционалното карате е Interntational Traditonal Karate Federation , која што ја опфаќа националната традиционална карате федерација на секоја земја членка. Националната Федерација на секоја земја членка е владејачко тело на Традиционалното карате во сопствената земја. Во светски рамки, членките на ИТКФ употребуваат различни “стилови” на Традиционално карате (како на пример Фудокан, Шотокан, Гоџу-рју, итн.) Овие различни стилови може да се споредат со училишта и академии кои што имаат свои единствени тренинг системи развиени од различни карате мајстори низ вековите. Како и да е, дури и под ист стил, групи приклонети кон ИТКФ употребуваат Будо Карате, додека другите кои што не припагаат на ИТКФ вежбаат така наречено “спортско карате” кое што се состои од удири со раце и нозе без употреба на Будо принципите.


Цел и вредности

Целта на Традиционалното Карате е да ги развие мисловните способности и телото преку тренирање борбени вештини. Традиционалното Карате исто така ја споделува најважната чел од Будо вештината а тоа е да развие одличен човечки карактер од највисока класа кој што ќе спречи насилен напад дури и пред да се случи физичка размена на сила.

Будо-то се наоѓа во физичкото борење, но како и да е, има значаен ефект на душевниот и физички развој на науката за човекот. Будо филозофијата и етика се апсолутно предуслови за изучување на разни техники и подобрување на вештини. Елементи како што се манири не беа посвоени од надворешни елементи ниту пак се независни од физичкиот тренинг, тие постоеа во системот од почетокот на постоење на Будо-то и беа интегрирани во техничкиот развој.

· Сериозност

Будо тренингот мора да се сфати сериозно бидејќи неговите техники се исцрпени од сериозни “живот или смрт” ситуации каде што еден мора да победи за да преживее. Ова е главната причина зошто оние кои што практицираат Будо мораат да бидат психички стабилни. Само во таква психичка состојба еден може да постигни екстремни нивоа на психа и  кондиција далеку од регуларното ниво. Ова е очигледно се забележува на натпревари. На пример, во Кумите (или борба) натпревар се постигнува во Иппон-шобу (само перфекно изведен удар го определува победникот) форма. Само затоа што употреба на една техника може да го определи победникот, натпреварувачите се принудени да ја научат важноста сериозно да ги сфаќаат работите.

· човечност

За да се постигне високо ниво, Будото бара од оние кои го изучуваат да имаат скромност и културно однесување. Ова овозмозува да можеш секогаш да учиш нешто ново од некој друг. Ако еден мисли дека тој или таа е подобар од сите други, тогаш можноста за подобрување згаснува. Ова е основата на важноста да се почитува инструкторот како и тренинг партнерите во Будо.

· Претпазливост и Дисциплина:

Како што веќе рековме, Будо техниките се развиени за критични ситуации каде што еден е изложен на животна опасност. Во една таква ситуација тешко е за еден човек да остане во мирна психичка состојба . Во таква состојба можноста за правилна проценка и физички рефлекс се намалува, и голема е веројатноста дека може да се најдеш парализиран поради паника. Поради оваа причина да се зачува чист разум е од круцијално значење во Будо практиката и поради оваа причина тренинзите започнуваат и завршуваат со медитација. Исто така ригорозноста и Дисциплината која што постои во Будо тренинзите му помага на изведувачот да се чуствува самоуверен во употреба на техниката и тоа придонесува за негова ментална стабилност. Според најновите испитувања направени од страна на спортски психолози, овој метод е препознаен како најефективен во избегнување на ментални варијации.

· Вештина

Во Будо, техниката и силата се создадени од вештина, а не само на ослонување на мускулна сила. Техниките се исцрпуваат од центарот на телото така што ќе може да се употреби брза и ефективна физичка акција од целото тело. На ист начин, Традиционалното Карате бара интегрирана физичка ракција контролирана од целото тело, а која што се поттикнува од притисок со нозете на подот. Правилно тренирање го движи секој дел од толото во правилна насока и како резултат се добива добро оформено тело.

Горе опишаните вредности потврдуваат зошто физичкиот и ментален тренинг постанале основата на концептот Будо и Традиционалното Карате кои што бараат неограничена потрага по целосен човечки развој.


Натпреварување

 “Карате натпреварување предводено од принципите на ИТКФ мора да биде соодветно на дефиницијата за Карате. Сите правила воведени од ИТКФ секогаш мораат да бидат во согласност да се помогне и мотивира учесникот кон усовршување на човечкиот карактер преку неограничено физичко и ментално усовршување.”
ИТКФ Устав, Член 1, Секција 1.3

Традиционалните Карате натпреварувања, национални и интернационални, ги следат следниве правила на натпреварување формирани од страна на ИТКФ.

 
Традиционално Карате и Спортови воопшто

Во натпреварувачките спортови, натпреварувачките правила го дефинираат спортот. На пример фудбалот е дефиниран како игра која што се игра според “фудбал правила.” За разлика од фудбалот, Традиционално Карате натпреварувачките правила не се тие што го дефинираат Традиционалното Карате. Будо натпреварот потекнува од тренинг метода која што се вика “шиај” во која што изведувачите си ги покажуваат техниките и ги тестираат меѓусебно. ИТКФ натпреварувачките правила се акумулирани врз основа на филозофијата “шиај”, за спортистите да можат да си ги подобрат своите ментални и физички вештини.


Традиционалното Карате и другите Карате спортови

Главната разлика мегу Традиционалното Карате и другите карате спортови се состои во тоа што Традиционалното Карате правила експлицитно бараат секоја техника да има максимална сила која резултира во завршен удар. Другите карате спортови немаат натпреварувачки правила кои што бараат ваков предуслов на нивните техники. Поради оваа важна разлика, тренинг методите и биомеханиката на Традиционалното Карате се разликуваат од другите карате спортови.

· Натпреварувачки Категории во Традиционалното Карате

Кумите (Борба)

a. Мажи Поединечно
б. Жени Поединечно
в. Екипно по 3

Ката

a. Мажи Поединечно
б. Жени поединечно
в. Екипно (3 натпреварувачи изведуваат сихронизирано ката. Во финалето натпреварувачите ја демонстрираат апликацијата на катата.)

Фуку-го (Поединечно Ката и Кумите)

a. Мажи
б. Жени

Ен-бу (Двајца натпреварувачи перформираат напад/одбрана сихронизирана вежба)

a. Мажи: 2 Мажи (и двајцата мажи напаѓаат и се бранат)
б. Мешано: Маж-Жена (Жената напаѓа, мажот се брани)