Проф. Венцислав Недев е роден на 18 март 1949 година во Велес, Република Македонија. Тој започна да вежба карате во октомври 1967 година во Скопје, негови први учители биле д-р Атанас Кајчевски и Сејдо Теофиловски. Во 1968 година тој положува за првиот појас, жолт појас пред д-р Илија Јорга. Тој е најстариот ученик на д-р Илија Јорга и е ко-основач на Фудокан стилот. Тој исто така бил ученик и на наипознатите светски јапонски шчители како: Сенсеи Таиџи Казе, сенсеи Хидетака Нишијама и Сенсеи Хироши Шираи. Во 1969 година, тој го основа првиот карате клуб во Македонија, Карате клубот Работнички-Скопје, кој подоцна постигна големи резултати на првенствата и турнирите ширум цела поранешна Југославија и Европа. Од 1968 до 1978 година тој беше врвен спортист кој победи на многу национални карате првенства во Македонија и Југославија. Во 1969 и 1971 година тој освојува два бронзени медали во кумите на државните првества на СФРЈ. Тој беше организатор на многу карате семинари со Сенсеи Таиџи Казе во Скопје и Охрид, Македонија. Тој исто така беше селектор на македонската репрезентација и заменик-тренер на југословенската репрезентација. Во тоа време неговите ученици беа стандардни репрезентативци на југословенската карате репрезентациј, и дури 60% од членовите на југословенската карате репрезентација беа каратистите на КК Работнички како: Мирче Опелоски, Назим Куртовиќ, Јорго Огненовски, Лујза Гашева и др. На ЕШ 1974 година тој ќе стане првиот член на југословенската карате репрезентација од Македонија, кој учествува на Европското првенство во Лондон, Велика Британија. Во 1974 година тој положува за национален тренер на југословенскиот карате тим на Универзитетот за спорт во Нови Сад. Во Белград 1974 положува за црн појас 1 Дан. Шо-дан комисија: (Сенсеи T.Казе, Др..И.Joрга и В.Joрга). Во Белград 1975 положува за црн појас 2 Дан, ни- Дан (Сенсеи T.Казе, Др.И.Joрга и В.Joрга). Од 1974 до 1986 година учествува на сите првенства EAKФ европски и ИАКФ светски, како заменик-тренер на југословенски карате репезентација. Во 1979 година тој стана југословенски ката-тим шампион во Скопје, Македонија. Во Белград 1980 положува за црн поја 3 дан. Сан- Дан (Сенсеи T.Казе, Др.И.Joрга и В.Joрга). Во 1980 година во Белград, тој беше ко-основач на Фудокан заедно со д-р Илија и Владимир Јорга. Истата 1980 година во Скопје го организира ЕАКФ Европското карате првенство за јуниори. Во 1981 година дипломира на Универзитетот во Белград на Факултетот за физичка култура во Белград. Во 1982 година положува за меѓународен судија класа Б во Будимпешта, Унгарија. Во Загреб 1982 положува за црн појас 4 дан, јон- Дан (Сенсеи T.Казе, Др..И.Joрга и В.Joрга). Во 1983 година тој беше судија на ИАКФ Светското првенство во Каиро, Египет. Во Умаг 1987 положува за 5 дан, Го-Дан (Сенсеи T.Казе, Др.И.Joрга и В.Joрга). Во 1989 година учествува на ЕАКФ состанокот на обновување и формирање на ИТКФ-ЕТКФ во Пореч, Хрватска со Сенсеи Нишијама, сенсеи Шираи, Сенсеи Илија и Владимир Јорга и г-дин В.Квичински. Во 1990 година тој го формираше Сојузот за традиционално карате на Македонија и во 1991 година во Тревизо, Италија СТКМ стане членка на ЕТКФ и во 1992 година во Монтреал, Канада член на ИТКФ. Од 1992 година тој е селектор на Македонската репрезентација во традиционално карате, која учествува на сите ЕТКФ, ИТКФ и Фудокан-Шотокан настани. Во 1993 година за прв пат тој учествува на светскиот ИТКФ летен камп во Сан Диего, САД. Во 1995 година тој положува за ЕТКФ и ИТКФ меѓународен судија класа А во ката и кумите и положува за 6 дан, року-Дан (Сенсеи Х.Нишијама, сенсеи Х.Шираи и Др. И.Јорга). Во 1995 и 1998 година организира две ЕТКФ Европски првенства за јуниори и кадети во Скопје. Во 1999 година тој го организира Балканското првенство во Скопје и семинар со сенсеи Хидетака Нишијама. Во Париз 2002 промовиран во црн појас 7 дан Шичи-Дан (Сенсеи Хидетака Нишијама и д-р Илија Јорга). Во 2004 година тој ги организира ЕТКФ ЕШ за сениори, јуниори и кадети во Скопје. Во 2010 година во Врасна, Грција промовиран во 8 дан. Hachi-Дан (Сенсеи Илија Јорга).
Во 2015 година на ЕШ во Галати Романија од страна на Сенсеи Илија Јорга беше промовиран во највисок степен од црн појас 9 дан.