Почитувани, нашиот најдобар каратист и светски шампион м-р. Дејан Недев од 10-12 ноември 2017 во Берлин ќе биде асистент и ќе учествува на карате семинар со светскиот карате мајстор сенсеи Такенори Имура 8 дан, повеќекратен шампион на Јапонија. Сенсеи Имура е ученик на сенсеи Масатоши Накајама, основач на првата и најстара карате организација во светот, Јапонската Карате Асоциација-ЈКА со седиште во Токио. Овој семинар ќе биде добредојден за Недев пред претстојниот Обединет Светски Карате Шампионат кој од 1-3 декември 2017 година ќе се одржи во Монтекатини, Италија. Со почит МТКФ.

takenoriimuradejannedev