52ри. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА ВО

(KATИ-ПОЕДИНЕЧНО) НА 1 МАРТ 2020 ГОДИНА

 

Организатор: Карате Клуб “Нишијама“

 

Одобрено од: МТКФ

 

Напреварувачки правила: ИТКФ

 

Место и дата на одржување:  1 МАРТ 2020 (НЕДЕЛА) БУДО Центар - Карате Академија “НЕДЕВИ“ ул. Христо Татарчев бр.1, Кисела Вода-Скопје

 

Саатница: Пријавување и ждребање од 9.00 до 10.00 часот.

                   Елиминации - Финале од 11.00-14.00 часот.

                  

 

Возрасни категории: Сениори над 21г., младинци 18-20г., јуниори 16-17г., кадети 14-15г., деца 12-13г., деца 10-11г.,  деца 8-9г., деца 6-7г.

 

Пропозиции: Сите натпреварувачи мора да ги познаваат ИТКФ напреварувачките правила, мора да бидат ментално и физички здрави, мора да имаат МТКФ карате пасоши со внесен важечки лекарски преглед не постар од 6 месеци, лекарскиот преглед да се изврши во Поликлиника “Интер Мед - Арт“ на ул. Партизански одреди 84, верифицирани појаси од страна на МТКФ, платена такса за учество од 500 денари по напреварувач по дисциплина. Сите напреварувачи зa освоено од 1-3 место добиваат медал и диплома.

 

Судиски семинар: Судискиот семинар ќе се одржи од 9:00 до 10:00 часот пред почетокот на државниот шампионат, сите судии да понесат кимоно, хакама и свирче во случај на спреченост, отсуството да го најават благовремено на тел. 070/265709.

 

Напомена: Сите клубови пријавите да ги испратат најдоцна еден ден пред почетокот на шампионатот, до канцеларијата на МТКФ или по меил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или на факс. 02/3131009.

 

Традицијата продолжува!

Со Почит,

Проф. Венцислав Недев, Шинам 9 дан                 Др. Дејан Недев, Сенсеи 6 дан

Претседател                                                         Ген.Секретар