Почитувани,

Сакаме да ве информираме дека вчера на генералното собрание на светската карате федерација ИТКФ, Дејан Недев беше избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на ИТКФ. Ова е големо признание и успех како за Дејан така за Македонија и македонското карате, затоа што за првпат Македонија ќе има свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ. Досегашниот претседател на ИТКФ Ричард Јоргенсен од Канада се повлече, а за нов претседател на ИТКФ беше избран и назначен Џилберто Гартнер од Бразил. За претседател на техничката комисија на ИТКФ е избран Ричард Јоргенсен, а меѓу останатите 5 членови на оваа стручна комисија е и Венцислав Недев. Исто така покрај другото на состанокот беше одлучено да Венцислав и Дејан Недев во иднина бидат официјални преставници и преговарачи на ИТКФ со Меѓународниот олимписки комитет. Од утре па се до недела во Монтекатини, Италија ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи.

Со почит МТКФ.

dejitkfboard