doktoratdejan1

Почитувани,
Би сакале да Ве информираме дека Дејан Недев на ден (27.06.2018) на Државниот Универзитет Св. Климент Охридски во Софија успешно ја одбрани докторската дисертација со наслов ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЗАВИСНОСТИТЕ ПОМЕЃУ АНТРОПОМЕТРИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ МОТОРНИТЕ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ НА 15 ГОДИШНИ УЧЕНИЦИ ВО УСЛОВИ НА НАСТАВА ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТСКИ ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ПО БОРЕЧКИ СПОРТОВИ (КАРАТЕ, ЏУДО, БОРЕЊЕ И БОКС).

Недев докторатот и истражувањето го подготвуваше цели 6 години и иститот е напишан на 278 страници во кој има 180 табели со разни резултати од мерењата и истражувањата со коментари и со над 150 користени странска литература од областа на боречките спортови. Членови на комисијата за одбрана на докторската десертација беа најеминентни професори од областа на спортот во Бугарија и тоа: проф.др.Ангелина Јанева-ментор, проф.др.Елена Џамбазова-ФНПП, проф.др. Димитар Михајлов од Националната спортска академија, проф. др.Симеон Јорданов од НСА и проф.др. Даниела Дашева поранешен Министер за спорт на Р.Бугарија. Пред 2 години на истиот Универзитет докторираше и постариот брат на Дејан, Аљоша Недев. Во прилог е фотографијата од одбраната на докторатот во Софија. Со почит МТКФ.

doktoratdejan2