МТКФ печатен календар

Почитувани,

Ве информираме дека традиционалниот МТКФ карате календар излезе од печат. Календарот се изработува и печати веќе 18 години по ред на кој се ставени најважите карате фотографии од настапи на македонската репрезентација во традиционално карате изминатата 2017 година. МТКФ стана препознатлива по овој календар кој секоја година се изработува во најразличен дизајн и е многу баран и практичен календар за на работна маса. Сите заинтересирани кој сакаат да добијат по еден календар слободно да се обратат до нашата канцеларија.

Поздрав МТКФ

 cal2018

Најдобри каратисти на РМ за 2017

01

 

ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ КАРАТИСТИ ЗА 2017 ГОДИНА

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2017 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2017 година и тоа:

Повеќе...

Премиерот на РМ, Г-дин. Зоран Заев организираше прием на Македонската репрезентација

Почитувани, денеска во Владата на РМ, Премиерот на РМ, Г-дин. Зоран Заев организираше прием на Македонската репрезентација во традиционално карате по повод историските резултати постигнати на СШ во Монтекатини, Италија, освојуваќи вкупно14 медали од кој 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали. Премиерот Заев им ги честиташе постигнатите резултати на Македонските каратисти и им посака во иднина да продолжат да ја преставуваат Македонија во вакво светло. Венцислав Недев и Дејан Недев во знак на благодарност на Премиерот Заев му доделија диплома за почесен мајсторски црн појас од 9 дан (највисок карате степен) како и карате кимоно и монографија по повод 50 години карате во РМ. Со почит МТКФ.

diplomazaev

Прием кај премиерот на Р.М.

Почитувани,
 Ве известуваме дека денеска на ден 25.12.2017 година во 16.00 часот, Премиерот на РМ, Г-дин Зоран Заев ќе организира прием за Македонската репрезентација во традиционално карате која на последниот светски шампионат во Мотекатини, Италија оствари историски резултат освојуваќи вкупно 14 медали од кој 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
       
 
Со Почит,
МТКФ

Најдобри спортисти на Град Скопје за 2017 година

Во изборот на најдобри спортисти на Град Скопје за 2017 година во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, нашите каратисти Дејан Недев во сениорска и Мила Саздова во младинска конкуренција на денешната свеченост беа прогласени меѓу најуспешните спортисти на Скопје за изминатата 2017 година.

IMG 1694 najdobri2017

Европска промоција на монографијата “Половина век исполнет со успеси”

Почитувани,

По повод јубилејот 50 години карате во РМ, МТКФ во соработка со ЕТКФ и Австриската федерација како домаќин ќе организира европска промоција на монографијата “половина век исполнет со успеси” на ден 14 декември 2017 во Виена, Австрија. На промоцијата ќе учествуваат претседатели и секретари на европските карате федерации. Исто така покрај промоцијата ќе се одржи и карате семинар под водство на авторите на монографијата Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви. Со почит МТКФ.

IMG 8981

Дејан Недев од 8-10 декември 2017 учествуваше на ЈКА карате семинар во Париз, Франција предводен од Сенсеи Татсуја Нака 7 дан

Почитувани, нашиот каратист Дејан Недев од 8-10 декември 2017 учествуваше на ЈКА карате семинар во Париз, Франција предводен од Сенсеи Татсуја Нака 7 дан. Тој денеска на крај од семинарот во знак на благодарност на Сенсеи Нака му подари примерок од монографија 50 години карате во РМ. На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе држави, а Македонија беше претставена од Дејан Недев и Емилија Јанчевска. Со почит МТКФ.

tetsujaparisdejan