Почитувани,
Актуелниот Европски шампион Дејан Недев од 3 до 6 декември 2016 година ќе одржи карате семинар во престолнината на Англија, Лондон. Недев по четврти пат ќе одржи семинар на покана на Англиската традиционална карате федерација, а семинарот ќе биде наменет за сите возрасти и карате појаси. Не семинарот од страна на Недев  ќе бидат презентирани повеќе борбени кихон техники Како и натпреварувачките дисциплини  кати, бункаи, фукуго и енбу. На семинарот се очекува да земат учество над 300 каратисти од цела Велика Британија. Дејан Недев во Англија е познат не само како врвен натпреварувач туку и како докажан карате инструктор кој на крај од семинарот ќе одржи и полагање за карате појаси. Со почит МТКФ.

dnedev