Почитувани,

По повод големиот јубилеј 50 години карате спорт во Република Македонија (1967-2017) и 50 години активно бавење со карате на Венцислав Недев 9 дан, Претседател и Основач на МТКФ како и (единствен активен каратист од првата генерација на каратисти во РМ), Македонската Традиционална Карате Федерација ќе одржи 2ра. Свечена Карате Академија и карате семинар со светските карате легенди браќата Илија и Владимир Јорга, Основоположници на Југословенското и Македонското карате. Илија Јорга беше прв селектор на најуспешната Југословенска карате репрезентација на сите времиња, повеќекратен Европски и светски шампион и Владимир Јорга прв Претседател на Карате сојузот на Југославија во моментов Претседател на на Европската Федерација. Семинарот ќе се одржи на 30 Септември и 1 Октомври 2017 година во Будо Карате Центарот “Недеви“. На овој ден точно пред 50 години во Октомври 1967 година, д-р. Илија Јорга го одржа првиот карате семинар во салата на ДТВ Партизан 3 во Скопје.
Исто така за време на јубилејот ќе се одржи и Свечена Карате Академија на која ќе бидат одликувани сите спортисти, тренери и спортски работници кој дале придонес за развојот на карате спортот во Република Македонија.

Со Почит,

М-р. Дејан Недев

Генерален Секретар