Би сакале да ве информираме дека викендов во Минхен, Германија се одржува ЈКА карате семинар со Сенсеи Татсуја Нака 7 дан, повеќекратен шампион на Јапонија и светот во традиционално карате, моментално еден од најдобрите карате инструктори во светот. Македонија на овој карате семинар ќе ја преставуваат проф. Венцислав Недев претседател и селектор на МТКФ и нашиот најдобар каратист д-р Дејан Недев, генерален секретар на МТКФ. Учеството на овие карате семинари се од големо значење за развој и постигнување врвни спортски резултати на нашите каратисти.

0C83F1C9 4865 4A7B A129 6114101FBDDD