МЕЃУНАРОДЕН КАРАТЕ СЕМИНАР СО СВЕТСКАТА КАРАТЕ ЛЕГЕНДА СЕНСЕИ ХИРОШИ ШИРАИ 10 ДАН, НА 6 И 7 СЕПТЕМВРИ 2014 ГОДИНА ВО НОВИ САД - СРБИЈА

Почитувани,

Ве информираме дека во организација на Србската традиционална карате федерација, на 6 и 7 септември 2014 година во Нови Сад, Србија ќе се одржи голем Меѓународен карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, технички директор на Светската Федерација ИТКФ. Сенсеи Шираи е еден од најдобрите ученици на творецот на традиционалното карате во светот Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станал севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација. Тој е еден од најголемите карате инструктори во светот кој повеќе од 50 години заедно со најпознатите светски јапонски инструктори како: Нишијама, Казе, Еноеда, Каназва и др.го шири Шотокан карате стилот низ целиот свет. Сенсеи Шираи оваа година на 13 и 14 јуни беше наш специјален гостин кој во Скопје одржа карате семинар и присуствуваше на Свечената Карате Академија по повод јубилејот 45 години ККР и 40 години МТКФ. Тој исто така беше примен од страна Претседателот на РМ и беше одликуван со плакета од АМС за свој придонес во развој на карате спортот во РМ. Македонската Традиционална Карате Федерација на семинарот во Нови Сад ќе испрати повеќе каратисти и тренери од Македонија предводени од Проф. Венцислав Недев и м-р.Дејан Недев.