Јадранка Недева - светски шампион во кати

Почитувани,

Ве информираме дека Јадранка Недева освои златен медал и стана светски шампион во кати, а освои и уште две сребрени медали во дисциплините фукуго и кумите. Таа имаше најдобар пласман на светскот фудокан шампионат во Синделфинген, Германија. Останатите наши натпреварувачи во своите дисциплини се пласираа од 4-8 место, а некој од нив беа и грубо оштетени од страна на судиите.

Со почит МТКФ

IMG 1308

1 златен и 1 сребрен медал - деца 6-7 години

Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека денес нашите надежи освоија 1 златен и 1 сребрен медал во категоријата  деца 6-7 години во кати поединечно на светскиот традиционален фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија. Камелија Недев стана светски шампион во кати-поединечно, а Софија Јарчевска беше втора. Конкуренцијата беше многу силна учествуваа 55 натпреварувачки во најмладата категорија 6-7 години за деца.
Тие исто така беа блиску до освојување на медали и во другите категории како кихон и кихон ипон кумите за деца но за жал за влакно им избега медалот во овие две дисциплини. На СШ учествуваат над 1200 каратисти од 43 земји. Утре според програмата ќе настапат кадетите, јуниорите и младинците, а во недела ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.

Со почит МТКФ

IMG 1151

IMG 1175a

IMG 1309

IMG 1310

 

УСПЕШНО ОДРЖАН 51-ОТ. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2019“

УСПЕШНО ОДРЖАН 51-ОТ. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2019“

DCDBCC57 7883 4209 9EA4 B9393BF29D45

Почитувани,
Ве инфорираме дека во организација на МТКФ од 18 до 21 јуни 2019 година во Неа Флогита, Грција се одржа јубилејниот 51-от. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2019“. На семинарот учествуваа вкупно 65 каратисти од неколку карате клубови од Македонија, Грција и Србија.
Семинарот го водеа Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан, Сенсеи Аљоша Недев 6 дан и Сенсеи Јадранка Недева 5 дан.
Тренинзите се одвиваа два пати дневно сабајле и напладне на плажа. На семинарот се одржа и првиот циклус на подготовки на членовите на државната репрезентација која до крајот на оваа година ќе настапи на Светскиот фудокан Куп од 1 до 3 ноември 2019 во Штудгарт, Германија и од 2 до 8 декември 2019 година ќе настапат на 20от. ИТКФ Светски Шампионат во традиционално карате во Куритиба, Барзил.
На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир *Неа Флогита 2019*.

РЕЗУЛТАТИ:

Повеќе...

Македонија на ЕП во традиционално карате во Питешти, Романија

Македонија на ЕП во традиционално карате во Питешти, Романија освои вкупно 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали

Почитувани, Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго. Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Г-дин. Богдан Матеи, а првенството беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво. На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји. Со почит МТКФ.

IMG 9006

Повеќе...

Македонија најуспешна на Европскиот куп во традиционално карате

Македонија најуспешна на Европскиот куп во традиционално карате за јуниори, кадети и деца со освоени 30 златни, 27 сребрени и 29 бронзени медали

 

Македонската репрезентација во традиционално карате на Европскиот куп што се одржа вчера и денес на 4 и 5 мај 2019 година во Скопје беше најуспешна репрезентација со освоени 30 златни, 27 сребрени и 29 бронзени медали во јуниорска, кадетска и детска категорија. Најуспешни натпреварувачи на ЕК со освоени по 5 златни медали од Македонија се: Мила Саздова во јуниорска конкуренција, Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција, Иван Трпковски, Камелија Недев и Матеј Мангаровски во категоријата за деца. На второ, трето и четврто место по вкупен број на освоени медали беа репрезентациите на Романија, Кипар и Чешка. На ЕК учествуваа 178 натпреварувачи од 9 земји. ЕК го отвори спортскиот директор на МОК Владимир Богоевски, а свое обраќање имаа и проф. Венцислав Недев и др Дејан Недев кој како Генерален Секретар се обрати во име на ЕТКФ.

eucup2019 1

Повеќе...

Официјани резултати од 51-от МТКФ Државен шампионат

Официјани резултати од 51-от МТКФ Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во (кихон, кихон-кумите, џиу ипон кумите, кого-кумите и кумите) кој се одржа вчера на 14.04.2019 во Будо Центарот Недеви во Скопје на кој чествуваа над 120 каратисти од 18 клубови.

 IMG 6966

Повеќе...