Официјални резултати од 51.от МТКФ Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во (кати- поединечно)

Почитувани,
 
На 3 март 2019 година во Будо Центарот Недеви се одржа 51от. МТКФ Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во (кати-поединечно) за сите возрасни категории. Во прилог ви испраќаме извештај со резултати по категории и слики од прогласувањето.

results2019 51cup

 
Со почит, д-р Дејан Недев-Генерален Секретар

Повеќе...

Дејан Недев освои сребрен медал во Лињано Сабјадоро, Италија

Почитувани,


Македонскиот каратист Дејан Недев освои сребрен медал во кати на Светскиот обединет карате куп во Лињано Сабјадоро, Италија. Тој во финалето беше грубо оштетен од судиите кој му беа наклонети на домашниот напреварувач од Италија кој за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за целата публика и јавност која го следеше финалето. Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот кој судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал на домашниот натпреварувач.


Со почит МТКФ.

IMG 2131

Карате куп “13 Ноември” - 2018

13noemvri2018

Почитувани,
би сакале да ве информираме дека денеска на 11.11.2018 во Будо центарот Недеви во организација на МТКФ и КК Скопје се одржа традиционалниот карате куп “13 Ноември”. Во прилог ви ги праќаме победниците по категории:

Повеќе...

Три медали за Македонските каратисти

Почитувани, Македонската репрезентација во традиционално карате на Светскиот клубски куп во Белград освоија 3 медали: 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал. Првото место во ен-бу м/ж деца го освоија Мила Младеновска и Димитри Влахо, 2 место во ен-бу м/м кадети го освоија Иван Трпковски и Димитри Влахо,  трето место во ката тим кадети освоија Димитар Витанов, Димитри Влахо и Иван Трпковски. Денеска по програма се одржуваат поединечните натпревари на Меѓународниот карате куп “Црвена Звезда 2018. Со почит, МТКФ.

tri medali

Македонските каратисти на ЕШ во традиционално карате во Белград освоија вкупно 10 медали

Почитувани,
Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕШ што викендов од 14-16 септември се одржа во Белград, Србија се врати со освоени вкупно 10 медали од кој: 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали во конкуренција од 286 натпреварувачи од 20 земји. Медалите ги освоија:
 
Дејан Недев - Европски Шампион 1 место во ката - сениори;
Дејан Недев - Европски Шампион 1 место во фукуго - сениори;
Мила Саздова - Европски Шампион 1 место во кати - јуниорки;
Јадранка Недева - 2 место во ката - сениорки;
Мила Саздова - 2 место во кумите јуниорки;
2 место во ката тим младинки (М.Саздова, Б.Милевска, Ј.Милевска);
2 место во ен-бу м/ж сениори (Бојан Богдановиќ/Берта Милевска);
Јадранка Недева - 3 место во кумите - сениорки;
Ристо Сакалиев - 3 место во ката за ветерани;
Ристо Сакалиев - 3 место во кумите за ветерани
 
Од останатите репрезентативци најповеќе се истакна Спасе Стојанов кој беше блиску до освојување на медал во борби за сениори.
Со Почит, МТКФ
 
IMG 4898

Дејан Недев двократен Европски шампион во традиционално карате во кати и фукуго

Почитувани,

Ве информираме дека нашиот најдобар каратист стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33от. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија. Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија. Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград се уште е во тек. Со Почит МТКФ

dejaneuchamp