Браќата Дејан и Аљоша Недеви Балкански шампиони во кати за сениори

Почитувани,
 
Македонската репрезентација во традиционално карате од Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија се враќа со освоени 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали.
Златни медељи освоија Дејан Недев во кати за постари сениори и Аљоша Недев во сениори, сребрени медаљи освоија Јана Милевска во кати-кадетки, Берта Милевска во кумите и фукуго за младинки и Ристо Сакалиев во кати за ветерани, бронзени медаљи освоија Јана Милевска во кого кумите-кадетки, Берта Милевска во кати-младинки и Петар Костов во кати-младинци.
На Балканскиот Шампионат во Тарговиште од 20 до 22 април учествуваа над 300 напреварувачи од 9 држави.
 
 
Со Почит 
МТКФ 
 
kqw3
 
kqw2
 
kqw1

Резултати од 50-от МТКФ Државен шампионат

thumbnail

50ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КАТИ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

          Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на  13 април 2018 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 50от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 23 клубови со 168 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.

РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:

Повеќе...

Историски успех на Македонската репрезентација

Историски успех на Македонската репрезентација во традиционално карате освоени 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини!

montecini03122017

Повеќе...

Дејан Недев влезе во финале

Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев влезе во финале во кати поединечно за сениори во исклучително силна конкуренција. Имаше вкупно 54 ката натпреварувачи, поделени во три групи. Во финале влегоа Рома Мизутани-Јапонија, Дејан Недев-Македонија, Алан Аранто Оливер-Бразил и Октавиан Лирук-Романија. Финалето ќе биде до крај неизвесно затоа што Мизутани од Јапонија има минимално водство пред останатите тројца натпреварувачи кој пак имаат ист број на оценки од полуфиналето.  Во тек се елиминациите  за сите возрасни категории а сите финалиња се закажани за утре. Со Почит МТКФ.

dejan kata palmup

Одржан традиционалниот Карате куп “13 Ноември“

IMG 0782

ПОЧИТУВАНИ!

                        Ни причинува задоволство што можеме да ве информираме дека вчера на ден 13 Ноември во Будо карате центарот Недеви се одржа традиционалниот карате куп “13 Ноември“ и државниот шампионат во фуку-го и ен-бу за сениори, јуниори, кадети и деца. Купот “13 Ноември“ како и државниот шампионат беа организирани по повод празникот на Град Скопје.

Резултати:

Повеќе...

Дејан Недев - Светски Фудокан шампион во кати

IMG 0685

Почитувани,

Нашиот најдобар каратист на сите времиња Дејан Недев освои злато и стана светски шампион во кати на 7от. Светски фудокан карате-до шампионат кој од 3-5 ноември 2017 година се одржа во Клуж, Романија. Матеј Ангеловски го освои сребрениот медал во фукуго за сениори. На СШ учествуваа вкупно 48 земји со над 2000 натпреварувачи. Овој златен медал е историски за Македонија бидејќи за прв пат е освоен во кати за сениори. Со почит МТКФ

Повеќе...