Резултати од 53-от. МТКФ Државен шампионат во традиционално карате

Почитувани, Во прилог ви го испраќаме извештајот со постигнати резултати од 53-от. Државен шампионат во традиционално карате.
Шампиони по категории станаа:
1. Мила Саздова-фукуго и кого-кумите за сениорки/јуниорки
1. Иван Пиневски-кого кумите за сениори/јуниори
1. Филип Пасков-кихон и џиу ипон кумите за деца 12-13г.
1. Марта Димковска-кихон и џиу ипон кумите за деца 12-13г.
1.Матеј Мангаровски-кихон и џиу ипон кумите за деца 10-11г.
1. Лука Крстевски-кихон и кихон ипон кумите за деца 8-9г.
1. Камелија Недев-кихон и кихон ипон кумите за деца 8-9г.
1. Филип Недев-кихон и кихон ипон кумите за деца 6-7г.
 
Со Почит
д-р Дејан Недев
IMG 06771

ПРЕТСТАВНИЦИ НА МТКФ ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МОК ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ

viber_image_2021-03-16_20-14-47.jpg

Претседателот на МТКФ, м-р Венцислав Недев и генералниот Секретар, д-р Дејан Недев денеска остварија средба со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.

На средбата беше разговарано на повеќе теми за соработка помеѓу МТКФ и МОК. Преставниците на МТКФ го информираа првиот човек на МОК за нивните активности и функционирањето во време на пандемија. Сите активности (напревари, семинари и тренинзи) се одвиваат според сите протоколи.

Недеви го информираа Димевски и за престојните активности кои се планираат да се организираат од страна на МТКФ во текот на 2021 година, а тоа е организација на балкански шампионат и европска лига во традицинално карате.