Награда “13 Ноември” по повод 50 години постоење на клубот

Почитувани,

Вечерва во МОБ на свеченоста 75 години слободно Скопје на Карате клубот Работнички му беше доделена наградата “13 Ноември” по повод 50 години постоење на клубот. Наградата од рацете на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја прими проф. Венцислав Недев основач, тренер и претседател на КК Работнички. На свеченоста присуствуваа повеќе каратисти членови на КК Работнички како и тренерите Дејан и Аљоша Недеви.

IMG 1522

Венцислав Недев денеска официјално примен во куќата на славните

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека нашиот селектор и тренер Венцислав Недев денеска во рамки на светскиот фудокан шампионат во Штудгарт, Германија беше официјално примен во куќата на славните на светската фудокан федерација. Сертификатот му беше доделен од страна на проф. д-р Илија Јорга 10 дан, основач и претседател на светската фудокан карате федерација. Ова меѓународно признание е по повод придонесот во развојот на светското карате и фудокан карате стилот од страна на Венцислав Недев.

Со почит МТКФ

IMG 1301

Јадранка Недева - светски шампион во кати

Почитувани,

Ве информираме дека Јадранка Недева освои златен медал и стана светски шампион во кати, а освои и уште две сребрени медали во дисциплините фукуго и кумите. Таа имаше најдобар пласман на светскот фудокан шампионат во Синделфинген, Германија. Останатите наши натпреварувачи во своите дисциплини се пласираа од 4-8 место, а некој од нив беа и грубо оштетени од страна на судиите.

Со почит МТКФ

IMG 1308

МТКФ на светскиот фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија

Почитувани,

Македонската сениорска репрезентација според програмата денеска ќе настапи на светскиот фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија. Сите натпреварувачи ќе настапат само во поединечните дисциплини, а ќе настапат следните репрезентативци: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ. Во текот на денот ќе ве информираме за постигнатите резултати на нашиот тим.

Со почит МТКФ

IMG 1283

1 златен и 1 сребрен медал - деца 6-7 години

Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека денес нашите надежи освоија 1 златен и 1 сребрен медал во категоријата  деца 6-7 години во кати поединечно на светскиот традиционален фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија. Камелија Недев стана светски шампион во кати-поединечно, а Софија Јарчевска беше втора. Конкуренцијата беше многу силна учествуваа 55 натпреварувачки во најмладата категорија 6-7 години за деца.
Тие исто така беа блиску до освојување на медали и во другите категории како кихон и кихон ипон кумите за деца но за жал за влакно им избега медалот во овие две дисциплини. На СШ учествуваат над 1200 каратисти од 43 земји. Утре според програмата ќе настапат кадетите, јуниорите и младинците, а во недела ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.

Со почит МТКФ

IMG 1151

IMG 1175a

IMG 1309

IMG 1310

 

МТКФ НА СВЕТСКИ ФУДОКАН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ ВО ШТУДГАРТ ГЕРМАНИЈА

Македонската репрезентација во традиционално карате од 1-3 ноември 2019 година ќе учествува на светскиот фудокан карате шампионат во Синделфинген - ШТУДГАРТ, Германија. Македонската репрезентација ќе биде предводена од селекторот Венцислав Недев, а ќе настапат следните каратисти: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева, Бојан Богдановиќ, Камелија Недев и Софија Јарчевска. На шампионатот ќе настапат 1600 каратисти од 40 земји.

IMG 1095