Камелија Недев освои 1 и 2 место на новогодошниот Фунакоши куп

Камелија Недев освои 1 и 2 место на новогодошниот Фунакоши куп во традиционално карате во Лимасол, Кипар

Почитувани, би сакале да ве информираме дека на новогодишниот “Фунакоши Гичин” карате куп кој од 21 до 22 декември 2019 година се одржа во Лимасол, Кипар нашата каратистка Камелија Недев освои 1 место во кати и 2 место во кихон за деца од 7-8 години. На новогодишниот куп учествуваа 240 натпреварувачи од Кипар, Македонија, Грција и Турција. Овој турнир беше  последен за оваа година за нашите каратисти кои годинава настапија на голем број меѓународни натпреварувања од каде традиционално се вратија со грст на освоени медали.

Со почит МТКФ.

kamelija2019

52ри. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ

52ри. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА ВО

(KATИ-ПОЕДИНЕЧНО) НА 1 МАРТ 2020 ГОДИНА

 

Организатор: Карате Клуб “Нишијама“

 

Одобрено од: МТКФ

 

Напреварувачки правила: ИТКФ

 

Место и дата на одржување:  1 МАРТ 2020 (НЕДЕЛА) БУДО Центар - Карате Академија “НЕДЕВИ“ ул. Христо Татарчев бр.1, Кисела Вода-Скопје

 

Саатница: Пријавување и ждребање од 9.00 до 10.00 часот.

                   Елиминации - Финале од 11.00-14.00 часот.

                  

Повеќе...

Венцислав Недев во Шихан-каи на ИТКФ

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека на Генералното собрание на ИТКФ што се одржа во Куритиба, Бразил, Венцислав Недев беше официјално примен во Шихан-каи на ИТКФ (највисоко советодавно тело во светот на традиционалното карате). Покрај Венцислав Недев членови на ИТКФ-Шихан-каи се: др Владимир Јорга-Србија, Луис Ватанабе-Јапонија, Ричард Јоргенсен-Канада, Џилберто Гартнер-Бразил и Дино Котрарели-Италија. Ова признание за Недев се должи на неговата континуирана 50 годишна работа и огромниот негов придонес во развојот на традиционалното карате во Европа и светот.

Со почит МТКФ

IMG 1789

Дејан Недев - еден од четирите светски ИТКФ карате легенди

Почитувани,

Ве информираме дека Дејан Недев е избран меѓу четирите светски ИТКФ карате легенди кој денес и утре ќе одржат карате семинар во Куритиба, Бразил заедно со Рикардо Луис Буци-Бразил, Хусто Гомез-Аргентина и Мусат Корнел-Романија сите повеќекратни светски, европски и панамерички шампиони. Ова е голема чест и признание за нашиот каратист од светската карате федерација ИТКФ. Според програмата СШ ќе се одржи на 6,7 и 8 декември, а за Македонија ова ќе биде 15-то учество на светските шампионати.

Со почит МТКФ

IMG 1575

20-ти ИТКФ Официјален Светски шампионат

Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека од 4-8 декември 2019 година во Куритиба, Бразил ќе се одржи 20от. ИТКФ Официјален Светски шампионат во традиционално карате. На светскиот шампионат во Куритиба ќе настапат нашите најуспешни, најтрофејни и најискусните натпреварувачи браќата Дејан и Аљоша Недеви освојувачи на многу медали од европските и светските првенства и купови во традиционално карате. Со нив заедно ќе патува и селекторот Венцислав Недев кој покрај другото ќе биде и судија на СШ. На СШ во Куритиба се очекува да учествуваат рекорден број на учесници од сите континенти на светот. Предвидено е пред натпреварите да се одржи и голем карате семинар со светските ИТКФ карате легенди и повеќекратни светски шампиони меѓу кој ќе биде и Дејан Недев заедно со уште три легенди како што се: Рикардо Луис Буци од Бразил, Хусто Гомез од Аргентина и Мусат Корнел од Романија.

Со почит МТКФ