Ве информираме дека на 12 септември ќе се одржи голем ИТКФ онлајн глобален карате семинар со врвни светски карате инструктори меѓу кој и Венцислав Недев. На овој онлајн семинар ќе може да учествуваат сите национални врвни каратисти тренери и натпреварувачи членови на светската федерација ИТКФ. Теми на семинарот ќе бидат: практична примена на принципите во традиционалното карате, здравје, биомеханика и карате, психологија и карате, дисциплини во традиционалното карате, етика и ИТКФ судиски правила. Предавачи ќе бидат: др Владимир Јорга од Србија, др. Џилберто Гартнер од Бразил, Ричард Јоргенсен од Канада, Елиџио Контарели од Италија, Хусто Гомез од Аргентина и Венцислав Недев од Македонија.
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, на ден 29 јуни 2020 година се одржа 52от. Државен Онлајн Шампионат на Македонија во традиционално карате во кихон за деца и фукуго за сениори-јуниори и кадети. На шампионатот земаа учество 15 клубови со 68 натпреварувачи.Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
Ве информираме дека денес на ден 09.06.2020 година преку платформата ЗООМ во организација на МТКФ се одржа 52от. Државен шампионат на Македонија во кати во традиционално карате за сите возрасни категории. На шампионатот учество земаа 93 натпреварувачи од 15 карате клубови од Македонија.
Државни Шампиони во кати за 2020 година во своите категории станаа следните натпреварувачи:
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Будо центар „Недеви“
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.