Почитувани би сакале да ве информираме дека нашиот натпреварувач Дејан Недев се избори и влезе во финале во дисциплината кати поединечно и ќе се бори за освојување На еден од трите медали. Финалето во кати ќе се одржи утре со почеток во 14.00 часот. Во финалето покрај Недев се пласираа и натпреварувачите на Франција, Египет и Србија. Утре на програмата се и дисциплините фукуго и борби поединечно за кој ќе се одржат елиминациите полуфиналето и финалето.

Со почит МТКФ канцеларија.