Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на обединетиот светски карате шампионат во традиционално, модерно и контактно карате од 1 до 3 декември 2017 година кој ќе се одржи во Монтекатини, Италија.
Македонската репрезентација ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Јадранка Недева, Мила Саздова, Огнен Тасевски, Берта Милевска, Јелена Дробниќ, Јана Милевска и Антонија Белазелкоска. Светскиот шампионат ќе се одржи во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.
 
IMG 0862