ПРЕТСТАВНИЦИ НА МТКФ ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МОК ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ
- Детали
- Објавено: Вторник, 16 Март 2021 19:19
Претседателот на МТКФ, м-р Венцислав Недев и генералниот Секретар, д-р Дејан Недев денеска остварија средба со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.
На средбата беше разговарано на повеќе теми за соработка помеѓу МТКФ и МОК. Преставниците на МТКФ го информираа првиот човек на МОК за нивните активности и функционирањето во време на пандемија. Сите активности (напревари, семинари и тренинзи) се одвиваат според сите протоколи.
Недеви го информираа Димевски и за престојните активности кои се планираат да се организираат од страна на МТКФ во текот на 2021 година, а тоа е организација на балкански шампионат и европска лига во традицинално карате.