Вести од Египет

Почитувани би сакале да ве информираме дека нашиот натпреварувач Дејан Недев се избори и влезе во финале во дисциплината кати поединечно и ќе се бори за освојување На еден од трите медали. Финалето во кати ќе се одржи утре со почеток во 14.00 часот. Во финалето покрај Недев се пласираа и натпреварувачите на Франција, Египет и Србија. Утре на програмата се и дисциплините фукуго и борби поединечно за кој ќе се одржат елиминациите полуфиналето и финалето.

Со почит МТКФ канцеларија.

22-ри ЕВРОПСКИ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

22ри. ЕВРОПСКИ ФУДОКАН  ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

 



Почитувани,

Ни причинува задоволство што можеме да Ве инфорираме дека од 27 до 30 март во Наполи, Италија ќе се одржи 22от. Европски Фудокан Шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети деца.
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на овој стилски европски карате шампионат во повеќе дисциплини во неколку возрасни категории. На европскиот шампионат ќе настапат следните репрезентативци:

1.    Огнен Тасевски
2.    Мила Саздова
3.    Антонија Белазелкоска
4.    Јелена Дробниќ
5.    Матеј Јарчевски

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе биде предводена од селекторот Венцислав Недев и тренерот Дејан Недев.

Со Почит,

МТКФ