Почитувани, денеска во Белград се одржа состанок на челниците на светската ИТКФ и европската ЕТКФ карате федерација на кој присуствуваа: др. Дејан Недев-директор на ИТКФ, др. Џилберто Гартнер-претседател на ИТКФ, др. Владимир Јорга-претседател на ЕТКФ и проф. Венцислав Недев-претседател на техничката комисија на ЕТКФ. На состанокот беше дискутирано на повеќе теми и се донесоа многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и Европа. Беше разговарано и за организацијата на претстојните меѓународни шампионати како ЕТКФ ЕШ кој од 14-16 септември ќе се одржи во Белград,  потоа за организација на ИТКФ светскиот куп во Куритиба, Бразил од 9-11 ноември како и за организација на европскиот фудокан шампионат кој од 7-9 декември ќе се одржи во Порторож, Словенија. Исто така на состанокот беше донесен и календарот на активности на ИТКФ и ЕТКФ за 2019 и 2020 година. Со Почит МТКФ.

celnicikarate