Состанок на челниците на ИТКФ и ЕТКФ

Почитувани, денеска во Белград се одржа состанок на челниците на светската ИТКФ и европската ЕТКФ карате федерација на кој присуствуваа: др. Дејан Недев-директор на ИТКФ, др. Џилберто Гартнер-претседател на ИТКФ, др. Владимир Јорга-претседател на ЕТКФ и проф. Венцислав Недев-претседател на техничката комисија на ЕТКФ. На состанокот беше дискутирано на повеќе теми и се донесоа многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и Европа. Беше разговарано и за организацијата на претстојните меѓународни шампионати како ЕТКФ ЕШ кој од 14-16 септември ќе се одржи во Белград,  потоа за организација на ИТКФ светскиот куп во Куритиба, Бразил од 9-11 ноември како и за организација на европскиот фудокан шампионат кој од 7-9 декември ќе се одржи во Порторож, Словенија. Исто така на состанокот беше донесен и календарот на активности на ИТКФ и ЕТКФ за 2019 и 2020 година. Со Почит МТКФ.

celnicikarate

Дејан Недев докторираше на Државниот Универзитет Св. Климент Охридски во Софија

doktoratdejan1

Почитувани,
Би сакале да Ве информираме дека Дејан Недев на ден (27.06.2018) на Државниот Универзитет Св. Климент Охридски во Софија успешно ја одбрани докторската дисертација со наслов ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЗАВИСНОСТИТЕ ПОМЕЃУ АНТРОПОМЕТРИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ МОТОРНИТЕ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ НА 15 ГОДИШНИ УЧЕНИЦИ ВО УСЛОВИ НА НАСТАВА ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТСКИ ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ПО БОРЕЧКИ СПОРТОВИ (КАРАТЕ, ЏУДО, БОРЕЊЕ И БОКС).

Повеќе...

ОДРЖАН ЈУБИЛЕЈНИОТ 50ТИ. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2018“

УСПЕШНО ОДРЖАН ЈУБИЛЕЈНИОТ 50ТИ. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2018“

DSC 1145.jpg 1

          Почитувани,

Ве инфорираме дека во организација на МТКФ од 10 до 16 јуни 2018 година во Неа Флогита, Грција се одржа јубилејниот 50ти. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2018“. На семинарот учествуваа вкупно 65 каратисти од неколку карате клубови од Македонија, Грција и Србија.

Семинарот го водеа Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

Тренинзите се одвиваа два пати дневно сабајле и напладне на плажа. Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација која од 14 до 16 Септември 2018 година ќе настапи на 33от. ЕТКФ Европски Шампионат во традиционално карате во Белград, Србија

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир *Неа Флогита 2018*.

РЕЗУЛТАТИ:

Повеќе...

Браќата Дејан и Аљоша Недеви Балкански шампиони во кати за сениори

Почитувани,
 
Македонската репрезентација во традиционално карате од Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија се враќа со освоени 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали.
Златни медељи освоија Дејан Недев во кати за постари сениори и Аљоша Недев во сениори, сребрени медаљи освоија Јана Милевска во кати-кадетки, Берта Милевска во кумите и фукуго за младинки и Ристо Сакалиев во кати за ветерани, бронзени медаљи освоија Јана Милевска во кого кумите-кадетки, Берта Милевска во кати-младинки и Петар Костов во кати-младинци.
На Балканскиот Шампионат во Тарговиште од 20 до 22 април учествуваа над 300 напреварувачи од 9 држави.
 
 
Со Почит 
МТКФ 
 
kqw3
 
kqw2
 
kqw1

Резултати од 50-от МТКФ Државен шампионат

thumbnail

50ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КАТИ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

          Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на  13 април 2018 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 50от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 23 клубови со 168 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.

РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:

Повеќе...

Нов генерален секретар на ЕТКФ

Почитувани,

Денеска бордот на директори на ЕТКФ, едногласно одлучи и за нов генерален секретар на ЕТКФ го избра Дејан Недев , што значи дека во иднина седиштето и канцеларијата на ЕТКФ од Милано ќе се префрли и ќе функционира во Скопје. Претседател на ЕТКФ останува д-р. Владимир Јорга, а претседател на техничкиот комитет е избран Венцислав Недев. Исто така на состанокот се одлучи да од 12-14 октомври 2018 година се одржи Европски шампионат во Белград. Следната 2019 година МТКФ по втор пат ќе биде организатор на ЕШ за сениори, јуниори и кадети во Скопје.

 

Со почит МТКФ.

 

dejankostum