50 годишен јубилеј - Карате во Македонија

Почитувани,

По повод големиот јубилеј 50 години карате спорт во Република Македонија (1967-2017) и 50 години активно бавење со карате на Венцислав Недев 9 дан, Претседател и Основач на МТКФ како и (единствен активен каратист од првата генерација на каратисти во РМ), Македонската Традиционална Карате Федерација ќе одржи 2ра. Свечена Карате Академија и карате семинар со светските карате легенди браќата Илија и Владимир Јорга, Основоположници на Југословенското и Македонското карате. Илија Јорга беше прв селектор на најуспешната Југословенска карате репрезентација на сите времиња, повеќекратен Европски и светски шампион и Владимир Јорга прв Претседател на Карате сојузот на Југославија во моментов Претседател на на Европската Федерација. Семинарот ќе се одржи на 30 Септември и 1 Октомври 2017 година во Будо Карате Центарот “Недеви“. На овој ден точно пред 50 години во Октомври 1967 година, д-р. Илија Јорга го одржа првиот карате семинар во салата на ДТВ Партизан 3 во Скопје.
Исто така за време на јубилејот ќе се одржи и Свечена Карате Академија на која ќе бидат одликувани сите спортисти, тренери и спортски работници кој дале придонес за развојот на карате спортот во Република Македонија.

Со Почит,

М-р. Дејан Недев

Генерален Секретар

Резултати од 47 ДРЖАВЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ

47ми. МТКФ - ДРЖАВЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КУМИТЕ, КОГО-КУМИТЕ, ЏИУ ИПОН КУМИТЕ, КИХОН ИПОН КУМИТЕ И КИХОН ЗА СЕНИОРИ-ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 23 април 2017 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 47от. Државен Карате Шампионат на Македонија во во кумите, кого-кумите, џиу ипон кумите, кихон ипон кумите и кихон за сениори- јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 16 клубови со 88 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.

РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:

Повеќе...

Дејан Недев освои златен медал на Европскиот Фудокан Карате Куп “Дунав 2017” во Виена, Австрија

nedevjorga2017

Почитувани, ве информираме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп “Дунав 2017” во Виена, Австрија.

Повеќе...

Европски Фудокан Карате Куп, март 2017, Виена

grupna54

Ни причинува задоволство што можеме да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 17 до 19 март 2017 година ќе земе учество на Европскиот Фудокан Карате Куп за сениори, јуниори, кадети и деца во Виена, Австрија.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:

  1. Дејан Недев
  2. Аљоша Недев
  3. Јадранка Недева
  4. Ведран Андоновски
  5. Димитри Влахо
  6. Иван Трпковски
  7. Гоце Гроздан

Натпреварите ќе се одржат по ИТКФ правила во сите натпреварувачки дисциплини во традиционалното карате.

Со Почит,

Претседател

Проф. Венцислав Недев