Дејан Недев стана Европски шампион и во кумите

Почитувани, Дејан Недев стана Европски шампион и во кумите - борби за сениори со сто го постигна најголемиот историски резултат во историјата на Македонското карате. Тој во финалето го совлада повеќекратниот Европски И светски шампион Италијанецот Леоне Матео кој го освои второто место а третото место го поделија претставникот на Србија и Чешка. Ова е историски најголем резултат во кариерата на Недев од Кога учествува на европските првенства. За останатите резултати на нашите репрезентативци ќе ве информираме во текот на вечерта. Со почит МТКФ.

dejan zname 2016

Мила Саздова освои златен медал во кадетска конкуренција

Почитувани, Мила Саздова во кадетска конкуренција освои златен медал во кадетска конкуренција. Ова е прв златен медал за Саздова од официјалните Европски првенства. Второ место и припадна на репрезентативката на Словенија а третото место на претставничката на Србија. Во тек се финалните натпревари во кати екипно каде нашиот ката тим јуниорки е во финале и ќе се бори на некој од медалите. Со почит МТКФ .

sazdova

Дејан Недев освои историско злато

Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои историско злато и за прв пат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори. Второто место му припадна на претставникот на Австрија а третото на претставникот на Португалија. Инаку ова за Недев е второ злато од официјалните Европски првенства, за потсетување Недев првиот златен медал го освои во 2011 Год. во кумите-борба на Европскиот шампионат во Ерусалим Израел. Финалните И полуфиналните натпревари продолжуваат денес за Сто ќе ве информираме подоцна. Со почит МТКФ.

dejan evr samp 2016

32ри. ЕТКФ Европски Карате Шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети од 24 до 27 ноември 2016 година во Крањска Гора, Словенија

IMG 8209

Ни причинува задоволство што можеме да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 24 до 27 ноември 2016 година ќе земе учество на 32от. ЕТКФ Европски Карате Шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети од 24 до 27 ноември 2016 година во Крањска Гора, Словенија.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:

Повеќе...

Дејан Недев со Такенори Имура 8 Дан

Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев 6 Дан учествуваше на ЈКА европскиот карате семинар кој од 18-20 Ноември се одржа во Берлин Германија. Семинарот го водеше Сенсеи Такенори Имура 8 Дан повеќекратен шампион на Јапонија во ката и кумите. Овој семинар беше и како еден вид на подготовки пред ЕТКФ Европскиот шампионат кој наредниот викенд од 24-28 Ноември ќе се одржи во Крањска Гора, Словенија, а на кој Македонија ќе биде преставена со 15 каратисти во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Со почит МТКФ.

IMG 8177

Се одржа МТКФ Традиционалниот Карате Куп “13ти. Ноември”

Почитувани, ве информираме дека денес 13.11.2016 во Будо карате центарот Недеви се одржа МТКФ Традиционалниот Карате Куп “13ти. Ноември” во чест на Градот Скопје. Натпреварите се одржаа во две дисциплини кати и фукуго поединечно, а победници станаа: Мила Саздова во фукуго за јуниорки, Мила Младеновска во кати- девојчина, и деца- маски победи Дамјан Таневски во кати. На турнирот учество земаа најдобрите каратисти од 7 карате клубови од Скопје и тоа: КК Работнички, Кк Скопје, Кк Фудокан, Кк Нишијама, Кк Б. Недеви, Кк Б. Јорга, Кк Ј. Сандански. Со почит МТКФ.

13.11.2016 grupna