47 МТКФ - ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ

E2DE37A1 170E 47BC B6E6 1E73BC6694BC

Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 5 март 2017 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 47от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате во (кати поединечно) за сениори - јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 15 клубови со 85 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.

Повеќе...

НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ КАРАТИСТИ ЗА 2016 ГОДИНА

 bestkaratekas2016 3

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2016 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2016 година и тоа:

1.ДЕЈАН НЕДЕВ (СЕНИОР) – ЕВРОПСКИ И МЕДИТЕРАНСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ И Е.ШАМПИОН ВО КУМИТЕ

20ТИ. ПАТ ПО РЕД ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР КАРАТИСТ НА РМ

Повеќе...

Дејан Недев ќе држи семинар во Лондон

Почитувани,
Актуелниот Европски шампион Дејан Недев од 3 до 6 декември 2016 година ќе одржи карате семинар во престолнината на Англија, Лондон. Недев по четврти пат ќе одржи семинар на покана на Англиската традиционална карате федерација, а семинарот ќе биде наменет за сите возрасти и карате појаси. Не семинарот од страна на Недев  ќе бидат презентирани повеќе борбени кихон техники Како и натпреварувачките дисциплини  кати, бункаи, фукуго и енбу. На семинарот се очекува да земат учество над 300 каратисти од цела Велика Британија. Дејан Недев во Англија е познат не само како врвен натпреварувач туку и како докажан карате инструктор кој на крај од семинарот ќе одржи и полагање за карате појаси. Со почит МТКФ.

dnedev

Македонската карате репрезентација со огромен успех на ЕП во Крањска Гора

Почитувани, Македонската карате репрезентација испиша историја и постигна најголем резултат во историјата на Македонското карате освојувајќи 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.

mtkf national team

Повеќе...