Дејан Недев европски вице-шампион во кати за сениори грубо оштетен во финале од романските судии

IMG 7882

Ве известуваме дека нашиот најдобар натпреварувач Дејан Недев денес во финалето во кати поединечно беше грубо оштетен со што му беше нанесена голема неправда и одземено првото место и златниот медал во кати-поединечно за сениори. Недев во исклучително силна конкуренција успеа да оствари 3 последователни победи И да се пласира во финалето каде за противник го доби претставникот на Романија кој за 3 класи полошо од Дејан ја изведе својата ката во финалето и не заврши на стартната позиција за што беше и казнет, но и покрај казната двајцата судии од Романија и еден судија од Србија гласаа против Дејан, односно резултатот на крајот беше 3 према 2 со што Дејан требаше да се задоволи со сребрен медал. Поднесен е и приговор од страна на МТКФ за ваквото пристрасно судење. Во јуниорска конкуренција во енбу маж/жена Огнен Тасевски и Берта Милевска го освоија бронзениот медал. Натпреварите продолжуваат утре и задутре а на Европскиот фудокан карате шампионат учествуваат вкупно 28 држави со над 1500 натпреварувачи во сите возрасни категории.

unnamed

Соопштение за сезоната 2016/17

Македонската Традиционална Карате Федерација со своите два карате центри во Скопје, Карате клуб Работнички и Будо Центарот Недеви како и останатите карате клубови членки на МТКФ на 1 септември 2016 година ќе започнат со редовните тренинзи и активности за сезоната 2016/2017. Од голема важност е да сите стари и нови членови, репрезентативци и стипендисти на АМС започнат со тренинзи уште на самиот старт и редовно да ги посетуваат сите активности, наптревари и семинари заради нивен континуиран напредок и успех. Оваа година не очекуваат многу настани како на меѓународен така и на домашен план како што се:

2016
10-17.9.2016 Европска недела на спортот, Скопје.
17.9.2016 Државен Шампионат на Македонија во ката тим во Скопје.
9.10.2016 Државен Шампионат на Македонија во фукуго и ен-бу во Скопје.
12-16.10.2016 Европски фудокан карате шампионат во Краков Полска.
13.11.2016 Карате Турнир “13 Ноември“ во чест на Град Скопје.
18-20.11.2016 ЈКА Карате семинар со Сенсеи Имура во Берлин, Германија.
9-11.12.2016 ЕТКФ Европски Карате Шампионат во Крањска Гора, Словенија.
16-18.12.2016 Карате семинар со Дејан Недев, Лондон-Англија.
29.12.2016 Избор на најдобри каратисти на РМ за 2016.

2017
22-29.1.2017 ИТКФ Светски карате семинар и лиценцирање за тренери во Монтекатини, Италија.
Октом. 2017 Втор Обединет Светски Карате Шампионат во Монтекатини, Италија.

Обавезно присуство на 1 септември на тренинг на следните репрезентативци и стипендисти: Матеј Ангеловски, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ана Крстевска, Огнен Тасевски, Бојан Богдановиќ, Антонија Белазелковска, Јелена Дробниќ, Матеј Јерчевски и Катарина Дробниќ.

Неа Флогита 2016 - одржан

Почитувани ве информираме дека од 12-18 јуни 2016 Год. се одржа традиционалниот МТКФ Летен карате семинар и турнир Неа Флогита 2016, семинарот го водеа Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви на семинарот учествуваа каратисти од повеке карате клубови од Македонија, Србија и Грција. На крај од семинарот се одржа турнир И полагање за појаси: Мила Младеновска, Иван Трпковски, Марко Балгурова, Мила Саздова, Огнен Тасевски и Бојан Богдановиќ се победници во своите категории во кати и кумите, а за црн појас 1 дан положија: Максимилија Глигоров, Мила Младеновска и Петар Костов , за црн појас 2 Дан положија: Бојан Богдановиќ, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска. Со почит МТКФ.

Македонија освои вкупно 11 медали 3 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали на Медитеранскиот шампионат во Лимасол, Кипар

Почитувани, ве информираме дека Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 11 медали од кој 3 златни, 4 сребрени И 4 бронзени медали на Медитеранскиот шампионат кој од 17-19 јуни се одржа во Лимасол Кипар. Медалите се освоени во следните дисциплини: Дејан Недев златен медал во кати поединечно за сениори, Мила Саздова златен медал во кого- кумите, сребрен медал во енбу, бронзен медал во кати за кадети, Огнен Тасевски сребрен медал во енбу за јуниори, Бојан Богдановиќ три бронзени медали во ката, кумите И фукуго за младинци и Иван Трпковски златен медал во кати, сребрен медал во кумите И сребрен медал во кихон за деца од 8-9 Год. На Медитеранскиот шампионат во Лимасол учество земаа 11 земји И 184 натпреварувачи. Судија од Македонија беше проф. Венцислав Недев .

Дејан Недев Медитерански шампион во кати за сениори во Лимасол, Кипар

Почитувани ве информираме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев го освои првото место И златен медал и стана шампион на Медитеранот во кати поединечно на 8-от Медитерански карате шампионат во Лимасол Кипар. На шампионатот во Лимасол учествуваа 11 земји И 184 натпреварувачи. Македонија Ја преставуваа 5 натпреварувачи за кој ќе ве информираме подоцна во текот на денот. Со почит МТКФ.