МТКФ - ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ КАРАТИСТИ НА РМ ЗА 2015 ГОДИНА

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2015 година МТКФ донесе одлука за наградување на најдобрите македонски каратисти и тоа:
•    НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ (СЕНИОРИ):
•    ДЕЈАН НЕДЕВ – СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ФУКУГО (НАЈДОБАР ЗА 2015 Г.)
1 МЕСТО ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО ФУКУГО НА ПРВИОТ ОБЕДИНЕТ СШ ВО КОПЕР, СЛОВЕНИЈА
УЧЕСНИК НА СВЕТСКИОТ КАРАТЕ СЕМИНАР ВО ТОКИО, ЈАПОНИЈА

Повеќе...

7 медали на Светскиот Фудокан Карате Шампионат

Почитувани, ве информираме дека Македонската репрезентација во трад. карате освои 1 златна, 3 сребрени и 3 бронзен медали на 6от. Светскиот фудокан карате шампионат кој од 3 до 6 декември се одржи во Белград, Србија. Мила Саздова стана светски шампион во Јиу ипон кумите во кадетки, Мила Саздова 2 место во кихон кумите, 2 место во ката Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 2 место во кумите Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 3 место ката тим деца: Јана Милевска, Берта Милевска И Антонија Белазелкоска, 3 место енбу маж/маж деца Матеј Јарчевски И Дамјан Таневски, 3 место енбу м/з деца Матеј Јарчевски и Катарина Дробниц. На светскиот шампионат учествуваа над 1000 каратисти од 38 земји. На крај од натпреварот на Венцислав И Дејан Недев Им беа доделени специјални сертификати за совршенство и придонес во развојот на светското фудокан карате.

Повеќе...

45-ти МТКФ Државен шампионат и традиционален карате турнир 13ти. Ноември

Почитувани,

Денес во Будо карате центарот Недеви се одржа 45от. МТКФ Државен шампионат и традиционалниот карате турнир 13ти. Ноември во традиционално карате во дисциплините (фукуго, кумите и кого-кумите) за сениори, јуниори и кадети.

 


Резултати:

Повеќе...

СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ДЕЈАН НЕДЕВ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА *13ТИ. НОЕМВРИ* ЗА 2015

Почитувани,

 

Сојузот на Спортови на Град Скопје денеска со почеток од 12.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе ги додели наградите *13 Ноември* за 2015 година.

Нашиот најдобар каратист Дејан Недев по втор пат ќе биде добитник на наградата *13ти Ноември* по повод постигнатиот историски резултат на последниот обединет светски карате шампионат кој од 15-18 октомври 2015 година се одржа во Копер, Словенија.

 

 

Со Почит,

 

МТКФ Канцеларија

Десеткратен успех на Парис опен 2015

Почитувани Македонските каратисти освоија вкупно 10 медали и тоа: 4 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали на Парис Опен 2015. На Европскиот куп учествуваа 12 земји и околу 80 натпреварувачи. Наши најуспешни каратисти се Јадранка Недева која во фукуго сениорки го освои златниот медал и Мила Саздова која во кадетска конкуренција освои 3 златни медали во кати, фукуго и енбу  заедно со Огнен Тасевски кој освои усте сребрен медал во кати и бронзен медал во фукуго. Берта Милевска во кадетска конкуренција освои сребрен медал во фукуго И бронзен во кати И енбу, а пак Јелена Дробник се закити со бронзен медал во фукуго кадетки.

Светскиот Шампион Дејан Недев на прием во АМС

Почитувани,

Денеска во Агенцијата за млади и спорт беше приреден прием на светскиот шампион Дејан Недев кој на СШ на Обединетото карате во Копер, Словенија постигна историски резултат освојуваќи златен медал.  Директорот на АМС Марјан Спасевски на Недев му го честиташе историскиот резултат и истакна дека АМС во иднина ќе продолжи да инвестира во овој спорт и дека ќе ја помага нашата федерација МТКФ. Целата Прес конференцијата може да ја погледнете и превземете од ФМП серверот на канал 5 телевизија.

 

Со почит МТКФ.