Дејан Недев стана Светски Шампион

ДЕЈАН НЕДЕВ СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН

Нашиот најдобар каратист на сите времиња Дејан Недев освои златен медал и стана светски шампион во фуку-го на 1от. Обединет Светски Карате Шампионат во традиционално, модерно и контакно карате кој од 14 до 18 Октомври 2015 година се одржа во Копер, Словенија. На СШ учествуваа вкупно 68 земји со над 1200 напреварувачи. Дејан до златниот медал во фукуго дојде со 4 победи и тоа во првото коло против преставник од Италија кој го совлада во кати, потоа во второто коло во кумите го совлада исто така вториот преставник на Италија, а во третото коло во кати го совлада преставникот на Бразил за да во финалето се сретне и го победи преставникот на Кипар.

46. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2015“

grupna flogita

46. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2015“

 

          Почитувани,

Ве инфорираме дека во организација на МТКФ од 14 до 20 јуни 2015 година во Неа Флогита, Грција се одржа 46от. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2015“. На семинарот учествуваа вкупно 48 каратисти од Македонија, Грција и Србија.

Семинарот го водеа Проф. Венцислав Недев 9 дан и м-р. Дејан Недев 6 дан.

Тренинзите се одвиваа два пати дневно сабајле и напладне на плажа. Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација кој од 5 до 8 ноември 2015 година ќе настапат на Официјалниот ЕТКФ Европски карате шампионат во Париз, Франција.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир “Неа Флогита 2015“.

 

Повеќе...

44ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КУМИТЕ

Drzavno

44ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КУМИТЕ, КОГО-КУМИТЕ, ЏИУ ИПОН КУМИТЕ И КИХОН КУМИТЕ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

 

          Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на  7 Јуни 2015 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа              44от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 18 клубови со 68 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.

 

Повеќе...

Семинар со Проф. Др. Владимир Јорга 9 Дан во Лондон, Англија

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека од 22 до 24 Мај 2015 година во Лондон, Англија ќе се одржи ЕТКФ Карате семинар под водство на Проф. Др. Владимир Јорга 9 Дан, Претседател на ЕТКФ и Проф. Венцислав Недев  9 Дан, член на бордот на директори и на техничката комисија на ЕТКФ.
Семинарот е во организација на  Ислам Бериша 6 Дан, Претседател на Традиционалната Карате федерацијата на Велика Британија.
Исто така ве информираме дека асистенти на семинарот ќе бидат нашите репрезентативци Дејан и Аљоша Недеви повеќекратни европски и светски шампиони нисители на црн појас 6 Дан.


Со Почит,

Македонска Традиционална Карате Федерација

Посета на вечното почивалиште на Сенсеи Гичин Фунакоши

Почитувани ве информираме дека вчера Македонската карате делегација во Меморијалниот центар во Кита-Камакура, го посети гробот на основачот и таткото на каратето во светот, Сенсеи Фунакоши Гичин, роден 1868 година во Шури на островот Окинава, кој во 1912 година за првпат направил карате демонстрација во Токио. Тој е најзаслужен што каратето од Окинава го пренел во Јапан, тој исто така е основач и на Шотокан карате стилот кој е еден од најстарите и најмасовните карате стилови кој до ден денес се вежба ширум целиот свет. Тој е учителиот на многу познати светски карате мајстори мегу кои и Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на трад. карате и светската ИТКФ карате федерација, како и основач на првата карате организација во светот во 1949 Год, ЈКА со седиште во Токио. Гичин Фунакоши починал 1957 год. во Токио.