Известување од ЈКА карате семинарот во Токио

Почитувани би сакале да ве информираме дека ЈКА карате семинарот во Токио, Јапонија успешно заврши на кој учество земаа и нашите најдобри каратисти. Семинарот го водеа повеќе врвни јапонски карате инструктори поранешни и актуелни светски шампиони. Беа демонстрирани многу техники и кати а тренинзите се одвиваа три пати дневно. Овој семинар е од големо значење за престојаниот ИТКФ Европски шампионат кој од 5-8 ноември 2015 година ќе се одржи во Парис, Франција. Со почит МТКФ.

МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТИ НА ЈКА - СВЕТСКИ КАРАТЕ СЕМИНАР ВО ТОКИО ЈАПОНИЈА

 

Почитувани,

 

Ни причинува задоволство што можеме да Ве информираме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 9 до 12 Април ќе земе учество на светскиот ЈКА карате семинар во Токио, Јапонија.

Семинарот ќе го водат врвни јапонски карате инструктори и поранешни светски шампиони во традиционално карате во ИАКФ-ИТКФ светската федерација како што се: Сенсеи Уеки Масаки, Танака Масахико, Осака Јошихару, Мори Тошихиру и др.

Повеќе...

Резултати од 22риот ЕВРОПСКИ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

Резултаи ор 22ри ЕВРОПСКИ ФУДОКАН  ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА
22ри. ЕВРОПСКИ ФУДОКАН  ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

 


Почитувани,

Ни причинува задоволство што можеме да Ве инфорираме дека Македонската Репрезентација во Традиционално Карате постигна врвни резултати освојуваќи вкупно 3 златни 2 сребрени и 2 бронзени медаљи на 22от. Европски Фудокан Шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети деца кој се одржа од 27 до 30 март во Наполи, Италија.

Повеќе...

22-ри ЕВРОПСКИ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

22ри. ЕВРОПСКИ ФУДОКАН  ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА

 



Почитувани,

Ни причинува задоволство што можеме да Ве инфорираме дека од 27 до 30 март во Наполи, Италија ќе се одржи 22от. Европски Фудокан Шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети деца.
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на овој стилски европски карате шампионат во повеќе дисциплини во неколку возрасни категории. На европскиот шампионат ќе настапат следните репрезентативци:

1.    Огнен Тасевски
2.    Мила Саздова
3.    Антонија Белазелкоска
4.    Јелена Дробниќ
5.    Матеј Јарчевски

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе биде предводена од селекторот Венцислав Недев и тренерот Дејан Недев.

Со Почит,

МТКФ

 

 

 

45-ти МТКФ ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО ЗА ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

Почитувани,
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 1 март 2015 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 45от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате во кати поединечно за  јуниори, кадети и деца.
На шампионатот земаа учество 11 клубови со 65 натпреварувачи.
Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.



РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:

Повеќе...